Европјаните ќе пијат македонска вода

Bez autora
Nov 01 2012

Во дебарското село Гари хрватската компанија Мали Лошињњ ќе инвестира околу пет милиони евра во изградба на фабрика за флаширана вода. Фабриката ќе биде со годишен капацитет од 100 милиони литри, а во неа ќе се вработат околу 70 лица. Квалитетната подземна вода флаширана преку хрватската компанија ќе биде извезувана во европските држави. Министерството за економија вчера на хрватскиот инвеститор му ја врачи лиценцата за експлоатација на подземни води, која е носител на концесијата, а дозволата за експлоатација е МЛ - Гари. Локацијата за концесија е во близина на селото Гари, а халата за производство на флаширана вода за пиење ќе биде лоцирана пет километри пред селото, покрај регионалниот пат Бошков мост - Извор. Производната хала ќе биде со површина од 2.200 квадратни метри и ќе има свој производен и магацински дел, со управна зграда, како и дополнителни простории како лабораторија.

Европјаните ќе пијат македонска водаВо дебарското село Гари хрватската компанија Мали Лошињњ ќе инвестира околу пет милиони евра во изградба на фабрика за флаширана вода.

Фабриката ќе биде со годишен капацитет од 100 милиони литри, а во неа ќе се вработат околу 70 лица. Квалитетната подземна вода флаширана преку хрватската компанија ќе биде извезувана во европските држави.

Министерството за економија вчера на хрватскиот инвеститор му ја врачи лиценцата за експлоатација на подземни води, која е носител на концесијата, а дозволата за експлоатација е МЛ - Гари.

Како што објасни министерот за економија, Ваљон Сараќини, локацијата за концесија е во близина на селото Гари, а халата за производство на флаширана вода за пиење ќе биде лоцирана пет километри пред селото, покрај регионалниот пат Бошков мост - Извор. Производната хала ќе биде со површина од 2.200 квадратни метри и ќе има свој производен и магацински дел, со управна зграда, како и дополнителни простории како лабораторија.

- Новата инвестиција во делот на минералните суровини е резултат на владините политики за привлекување инвестиции и создавање поволна бизнис-клима. Инвестиција е од огромно значење не само за Гари и Дебар, туку и за целиот западен регион и неговиот економски развој - смета Сараќини.

Министерот објасни дека се побарани податоци за количините на вода во земјава од Државниот архив и Геолошкиот завод, за да се согледа дали е направена анализа за ваков вид на минерална суровина. Податоци има и тие во иднина ќе можат да ни послужат како добри индикации за да објавиме јавен повик за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини.

- Во моментов Министерството за економија има согласност за експлоатација и концесионирање шест локации за термоминерална, за термална и за подземна вода. За една од тие локации веќе имаме нов концесионер, што наскоро ќе биде објавен, а за останатите пет локации постапката е во фаза на прибирање понуди од заинтересираните компании - вели Сараќини и додава дека многу скоро со нивните анализи ќе можат да излезат со податоци кои што се значајни за оваа област.

Тој потсети дека измените на Законот за минерални суровини наскоро ќе се најдат во собраниска процедура, а измените ќе овозможат олеснувања на административните процедури и повеќе инвестиции во оваа област. Пред еден месец, потсети министерот Сараќини, е донесена нова Програма за детални геолошки истражувања за вкупно 60-ина локации.

Според Дражен Балиќ, управителот на компанијата Мали Лошињ", производството на вода ќе стартува од идната есен, при што планираното е годишно производство од 100 милиони литри подземна вода за пиење.

- Околу 90% од водата ќе биде пакувана во ПЕТ-амбалажа од 1 и 1,5 литри. Останатите 10% ќе се пакуваат во стаклени шишиња од 0,33 и 0,75 милилитри. Планираните количини ќе бидат наменети претежно за извоз на странските пазари - објасни Балиќ и додаде дека доколку се зголеми интересот за производната вода од македонскиот пазар, тие како инвеститори се подготвени да го прошират производниот капацитет.

Македонија богата со вода за пиење

Анализите покажуваат дека Македонија во моментов располага со големи резерви вода за пиење од подземни пештерски базени, но тие треба да се заштитат.

Со оваа вода се снабдуваат само дел од реките, посебно во централна Македонија, најмногу во масивот на Јакупица под Солунска Глава.

- Добро е што тие се под земја и засега се заштитени, но поради некои градежни работи им се заканува опасност од загадување - досега неколкупати предупреди Иван Жежовски од Спелеолошкото друштво Пеонии. Според него, акумулирани се огромни базени со вода за пиење, но тие треба да се истражат и да се стават под заштита, затоа што има голема опасност со градежната експанзија да дојде до загадување на овие подземни води.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik